АФПЗРР : Исплатени директни плаќања во висина од 442,2 милиони денари

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој реализираше исплата на директни плаќања по повеќе основи.

Денеска на сметките на 5357 млекопроизводители се исплатени 112.6 милиони денари за произведено и предадено млеко во месеците јули, август и септември 2022 година.

Со финансиска поддршка од 158.9 милиони денари се стекнаа 132 земјоделски стопанства кои одгледале и заклале гоеници во регистрирани кланични капацитети.

За одгледувачите на овци и кози се исплатени директните плаќања за задржано женско јагне, задржано женско јаре како и за предадено женско јагне во регистрирани кланични капацитети. Овие исплати се во вредност од близу 80 милиони денари.

582 одгледувачи на говеда кои извршиле оплодување по пат на вештачко осеменување се стекнаа со финансиска поддршка од 1.200 денари по добиено теле или вкупно 3.47 милиони денари.

Дополнително, исплатени се и директните плаќања за депопулација, амортизирани несилки, произведени еднодневни бројлерски пилиња, производство на домашен сертифициран семенски материјал за житни култури и производство на предосновен и основен семенски материјал за житни култури и производство на домати, пиперки и краставици под контролирани услови за што се исплатени вкупно 86.7 милиони денари.