Известување за аплицирање органско

  

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува органските земјоделски производители дека рокот за поднесување на барања по Програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2023 година е продолжен до 30 декември и тоа за следните мерки:

 

М4  Финансиска поддршка за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно сточарско и растително потекло(вклучително за доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или пак имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено.

Корисници на оваа мерка се и земјоделски стопанства – производители на органско кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози, вклучително и корисници кои произведуваат храна со традиционални карактеристики, и во објекти кои се во започната постапка за евидентирање според традиционални методи на производство, сирење добиено од млеко од овци и кози/мандри.

               Висината на поддршката изнесува 10% од вредноста на произведените и продадени производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор и 30.000 денари по сертифициран органски производ од растително и     сточарско производство, за не повеќе од 5 (пет) сертифицирани органски преработени производи

 

М5 Финансиска поддршка  за трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или сертифицирани откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои вршат трговија или маркетинг на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

 Висината на поддршката изнесува 5% од вредноста на продадените производи, но не повеќе од 150.000 денари по оператор.

 

М6 Финансиска поддршка  за посебни директни плаќања за стручна контрола и сертификација

 Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи од областа на органското земјоделско производство кои имаат добиено сертификат од овластено тело во 2023 година.

Висината на поддршката изнесува 50% од трошоците за добиен сертификат издаден од овластено тело во 2023 година.

 

М7 Финансиска поддршка за  посебни директни плаќања за анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства

                Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства и/или откупувачи запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат извршени агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди, тешки метали и други материи на почва и во органски производи во 2023 година,

Висината на поддршката изнесува 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000 денари по земјоделско стопанство и/или откупувач.

 
Потребни документи

-          Договор со овластено сертификационо тело

-          Сертификат издаден од овластено сертификационо тело

-          Спецификација за сертифицираните производни капациети (составен дел на сертификатот)

-          Фактура и доказ за платена фактура за извршената стручна контрола и сертификација

-          Фактура за продадени органски производи (за М4 и М5)

-          Извештај за анализа на почвата и фактура со доказ за платена фактура за трошоците за извршените анализи (М7)

 
Начин на поднесување на барањата

Барањата се поднесуваат во електронска форма со најава во системот преку линкот „Директни плаќања е-субвенции“ од веб страната на Агенцијата „https://www.ipardpa.gov.mk/“.

Барањето е потребно да се испечати, потпише и да се достави во писмена форма до Агенцијата преку пошта или директно до Архивата на Агенцијата.