Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата за произведен домашен лозов и овошен саден материјал по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.
Исплатени се 8 правни лица со сума од 55.703.770,00 денари.
Исплатата е извршена на правните лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал кои имаат произведено и продадено лозов и овошен саден материјал во 2023 година и имаат добиено сертификат за конечно сертифициран саден материјал.
Висината на директните плаќања изнесува 30 денари по лозов и 35 денари по овошен садник.