15 Октомври
Меѓународен ден на Руралната Жена
Клучната улога што ја играат жените и девојките во обезбедувањето одржливост на руралните домаќинства и заедници, подобрување на животната средина во руралните средини и целокупната благосостојба, се повеќе се препознава. Жените претставуваат значителен дел од работната сила во земјоделството, вклучувајќи ја и неформалната работа, и го извршуваат најголемиот дел од неплатената грижа и домашната работа во семејствата и домаќинствата во руралните области. Тие даваат значителен придонес во земјоделското производство, безбедноста на храната и исхраната, управувањето со земјиштето и природните ресурси и градењето на отпорност на климата.
Но, мора да работиме директно на терен и да придонесеме за подобри услови за живот и развој на жените и девојките од руралните средини. Да работиме на нивниот раст и развој и да им дадеме до знаење дека тие се вреден дел од општеството и треба да бидат вклучени во секој сегмент од општественото живеење.
„Зајакнувањето на правата на руралните жени е од суштинско значење за развој и просперитет на руралната заедница. Кога руралните жени се поддржани и нивните права се загарантирани, позитивните ефекти се видливи не само во нивните семејства, туку и во заедницата и целото општество. Тие се иднината на руралната економија и затоа треба да имаат далеку поголеми можности, глас и одлучувачка моќ во својата заедница, а нивните права треба да бидат заштитени.
Организацијата на жените работи директно со овие жени и е посветена на зајакнување на жените и девојките од руралните средини, градење на нивните капацитети и нивна поголема интеграција во општеството.