ЈАВЕН ПОВИК бр.05/2024

 Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

 
ЈАВЕН ПОВИК бр.05/2024

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за

 финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година

 

I.                    ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

 

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ НА БАРАТЕЛОТ

 
Код на мерка
 
Назив на мерка

Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник

121

Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

до 600.000 денари прифатливи трошоци по поединечен корисник
121.7

Набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз

 
II.       КОРИСНИЦИ
 
Право на користење на средства имаат следните субјекти:
Субјекти
Код на мерка

Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

Мерка 121
 
 
III.       ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

 

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.7 изнесува 600.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

  

 Напомена: Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик!

   
 

IV.       УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

 

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

 

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

 

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

-          Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 13/2024, 34/2024 и 198/2024)

-          Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17,  83/18 и 27/19, и „Службен весник на Р.Северна Македонија“ бр. 152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022 и 65/2023)

-          Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 35/2016, 101/2017 и 162/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 100/2019, 215/2019, 24/2020, 96/2021, 276/2021, 92/2021, 113/2022, 186/2022, 73/2023 и 94/2023)

-          Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 72/2014, 88/2015, 35/2016, 59/2016, 178/2018 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ 77/2019, 214/2019, 276/2021, 91/2022, 122/2022, 186/2022, 73/2023, 250/2023 и 34/2024)

 

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121.7.

 

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:

 

- Минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз.

 

Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 35/2016, 101/2017 и 162/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 100/2019, 215/2019, 24/2020, 96/2021, 276/2021, 92/2021, 113/2022, 186/2022, 73/2023 и 94/2023)

 
 
 
 

-          Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk

-          Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата.

-          Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mkнема да се разгледуваат.

 
 
 
 
V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
 

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на адреса:

 
 
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
бул. „ 3-та Македонска бригада“ бр.20
(зграда на Македонија Табак блок Ц ) 1000 Скопје
 
 
 
VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
 

Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0524-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

 
 
 
Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024година.
 
 
 
 
 
 
 

Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и

на веб-страната: www.ipardpa.gov.mk.
Контакт:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Сектор за одобрување на проекти.
Телефон 02 3097-460, секој работен ден од 08:30 до 16.00 часот