Исплата на директни плаќања за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година

 Денес се исплатија 416.722.200 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за

-мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници.

-мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници и

--мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници и

Барателите ги поднесоа барањата за овие мерки во период мај-јуни 2024 година, а Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  во рекордно време ги обработи и исплати средствата.