ИНФО ДЕНОВИ ЗА ЈАВЕН ПОВИК 01/2025 ЗА МЕРКА 1 ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА 2021-2027

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството започнуваат кампања за информирање и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на  инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма 2021-2027 (ИПАРД 3).

По повод јавниот повик објавен од страна на Агенцијата, на ден 12ти февруари 2025 година, за мерката 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства од ИПАРД Програмата, ќе се одржат инфо-денови во повеќе градови, села и населени места, каде што заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги, задружни правни лица итн.) ќе можат да се информираат за постапките и условите за поднесување барања со цел користење на средства од оваа програма.

ИНФО ДЕН 20ти февруари 2025 година

-ОПШТИНА НОВАЦИ 11:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА) И

-ОПШТИНА МОГИЛА 14:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА).

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

- Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;

- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460