ПРОДОЛЖУВААТ ИНФО ДЕНОВИТЕ ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК 01/2025 ЗА МЕРКА 1 ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ја продолжуваат  кампањата за информирање и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма 2021-2027 (ИПАРД 3).

Се повикуваат сите заинтересирани корисници да присуствуваат на инфо средбите со цел полесно информирање и искористување на Мерка 1, имајќи предвид дека крајниот рок за поднесување на барањата за мерка 1 од овој јавен повик е 29 март 2025 година.

ИНФО ДЕН 24ти февруари(понеделник) 2025 година

-ТЕТОВО со почеток од  11:00 ЧАСОТ (Универзитетот Тетово-Факултетот за прехрамбена технологија и исхрана) и

-ОПШТИНА ЈЕГУНОВЦЕ со почеток од 14:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА).

 

ИНФО ДЕН 25ти февруари(вторник) 2025 година

-СВЕТИ НИКОЛЕ, со почеток од 11:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА) и

-ВЕЛЕС со почеток од 14:00 ЧАСОТ (ОПШТИНСКА САЛА).

 

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:

- Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.

- Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;

- Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460