Директорот на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев го отвори настанот на организираните инфо денови во Свети Николе по повод кампањата за публицитет на ИПАРД III мерка 1.
Преставниците на Телото за управување со ИПАРД (Министерство за земјоделие,шумарство и водостопанство), Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за потикнување на развој на земјоделството остварија средби со заинтересираните корисници (физички, правни лица, задруги итн) кои сакаа да се информираат за можностите, условите и постапките за аплицирање на тековниот јавен повик со цел користење на средствата од оваа програма.