Известување

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на млеко дека кај корисниците кои поседуваат трансакциска сметка во НЛБ Банка поради технички проблем сеуште не е реализирана исплатата на средствата за директни плаќања за произведено и предадено млеко во периодот од јули-декември 2024 година.По отстранување на проблемот, Агенцијата ќе ја информира јавноста.