Денес, се одржа работна средба на тимови од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за храна и ветеринарство. Тема на средбата беше продлабочување на соработката на институциите во делот на размена на информации и заедничко синхронизирано делување на терен. Ваквите средби ќе продолжат и во иднина на редовно ниво.