Исплата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на овошје, мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на овошје, мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.

По оваа основа се исплатени  224.748.332,00 денари кон 7.826 земјоделци.

Висината на дополнителните директни плаќања за јаболко изнесува 30.000 денари на хектар;

Висината на дополнителните директни плаќања за слива и праска изнесува 25.000 денари на хектар;

Висината на дополнителните директни плаќања за вишна, цреша, кајсија и круша изнесува 22.000 денари на хектар;

Висината на дополнителните директни плаќања за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари на хектар.