.
Денес во Рим, претставници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, предводена од директорот Илија Стоилев одржаа средба со претставници од платежната Агенција од Италија и директорот на координативно тело, Салваторе Карфи. Воспоставена е соработка на високо ниво, која ќе продолжи во иднина. Се зајакнува контролата на буџетските средства преку зајакнување на контролите следејќи ги позитивните идеи и искуства од италијанските колеги, кои во идниот период би ги применила и нашата агенција користејќи софтверски решенија и систем на следење на парцелите