Општините ги користат европските фондови со цел реализација на инвестиции

Денес директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев заедно со Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков ја посетиja општина Илинден. Во фокусот на средбата со градоначалникот Александар Георгиевски беше поддршката на Македонија преку европските фондови и во тој контекст, потребите и капацитетите на општината за поголемо искористување на овие средства со цел реализација на проекти од интерес за граѓаните.

Градоначалникот на општина Илинден, Георгиевски ја поздрави помошта на Министерството за европски прашања, додавајќи дека институционалниот капацитет на општините е секогаш пресуден за успех и затоа смета дека ваквите напори треба да се зајакнат во следниот период.

При посетата на општина Илинден ја посетивме и компанијата "ДПП ТОСАМА ТРЕЈД ДОО", која е корисник на ИПАРД мерката " Диверзификација на фармите и развој на бизнисите ".Преку оваа мерка компанијата е поддржана со средства во износ од 21,7 милиони денари што и помогнало за набавка на Комора за стрерилизација со помош на којашто е модернизиран работниот процес.