Денес во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беа потпишани Договори за финасиска поддршка од Мерка 3 “Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“ од ИПАРД III Програмата.
Воедно, на корисниците им беше презентирана можноста и предноста од користење на АВАНСНО ПЛАЌАЊЕ.
Корисникот има право да бара авансно плаќање до 50% од вкупната финансиска поддршка, најдоцна до 60 дена од денот на потпишување на Договорот. Во случај кога има две фази, корисникот има право на авансно плаќање до 50% од износот на одобрената финансиска поддршка на инвестицијата за првата фаза (со исклучок на општите трошоци). Корисникот е обврзан да поднесе барање за авансно плаќање придружено со банкарска гаранција што одговара на 110% од износот на Авансот.