Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес објави 3 јавни повици за мерка 121 Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година и тоа за:
- Инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;
- Инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем;
- Набавка на машини за разбивање на мраз;
- Набавка на системи против замрзнување;
- Набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода;
- Инвестиции во опрема за воспоставување на електрични огради во пчеларник за заштита од дивеч и
- Набавка на приклучна земјоделска механизација.
Финансиската поддршка е до 600.000 денари по поединечен корисник.
Краен рок за поднесување на барањата до Агенцијата за финанансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е 11.07.2025 година
Упатството за корисниците и потребните документи за поднесување на барање може да се подигне на веб страната на Агенцијата.