Се известуваат земјоделските стопанства дека до 15 август 2025 година можат да поднесат барање за финансиска поддршка за следните подмерки:
1.17. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични, зачински растенија и цвеќе,
1.18. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.3. по обработливa земјоделска површина за градинарско производство на отворено и во пластеници,
1.19. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.6. по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади,
1.20. - Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.
Предмет на барање се парцелите за кои земјоделските стопанства користеле финансиска поддршка по програмата од 2023 година а не оствариле финансиска поддршка согласно програмата од 2024 година и за истите катастарски парцели поднеле барање согласно програмата од 2025 година.
Висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 денари по хектар за парцелите на кои во производна 2023/2024 година имаат засеани површини со поледелски култури или во 2024 година имаат засеани површини со градинарски култури.
Висината на финансиската поддршка изнесува 30.000 денари по хектар за парцелите на кои во 2024 година имаат одржувано површини со овошни или лозови насади.
Барањата за овие подмерки се поднесуваат директно до Агенција, на рачно пополнет образец, на следната адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, булевар Трета Македонска Бригада број 20 (зграда на Македонија Табак Блок Ц), Скопје.
Образецот за поднесување на барање е прикачен на веб страната на Агенцијата во делот „Директни плаќања 2025“, „Обрасци“.