Со бројни поволности преку ЕУ фондовите до забрзан развој на општините

 

Европските фондови и поволностите коишто се нудат преку нив за општините беа во фокусот на денешната посета на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев и заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков на општините Василево и Босилово.

На средбата со градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов се дискутираше за потребите на општината во однос на зацртаните проекти и можноста овие проекти да се реализираат преку европските фондови.

Беа дефинирани и конкретни чекори со цел подобрување на капацитетите на општината за поголема искористеност на ЕУ фондовите.

На оваа тема, се  дискутираше и за време на  посетата на општината Босилово на средба со градоначалникот Ристо Манчев.

Се разговараше и за актуелните и планираните проекти и во областа на земјоделството и можностите за поддршка на овие проекти преку европските фондови, со што ќе се помогне и на локалните земјоделци и нивните бизниси.

Еден ваков позитивен пример е Симперис ДООЕЛ, корисник на средства од ИПАРД Програмата за изградба на објект за конфекционирање на хартија и набавка на машини за штампа.