Одобрени 20 милиони денари за ЈП Агроберза

Денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев на средба со директорот на ЈП Агроберза, Мевљудин Авдија додели решение за  отпочнување на тендерска постапка за санација  и модернизација на силосите каде се складирани државните резерви на жито.

Средствата наменети за оваа инвестиција во износ од 20 милиони денари се предвидени во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година.
По завршувањето на овој проект, капацитетот за складирање на житни култури ќе се зголеми за 10.000 тони, што претставува зголемување на капацитетот за 25%, а ефективноста ќе се зголеми за 3 пати. Со овој проект оставаме капитална вредност за нашата држава и идните поколенија.