Денес директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев заедно со Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков ја посетија општина Прилеп. Во фокусот на средбата со градоначалникот Борче Јовчески беше можноста за поголема искористеност на европските фондови во реализација на планираните проекти во општините.
При посетата на општина Прилеп ја посетивме и компанијата "ДТУОП БИМФООД ДОО" експорт импорт Прилеп, која повеќе пати е корисник на средствата од ИПАРД Програматa.
Само на последниот јавен повик за мерката "Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Приоритетен сектор овошје и зеленчук" компанијата е поддржана со средства во износ од 12 милиони денари за набавка на опрема со помош на којашто е модернизиран работниот процес.