Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа 14 договори по објавениот Јавен повик 02/2024 за подмерка 2.1 Финансиска поддршка за инвестиции во аквакултурата и 2.3 Финансиска поддршка за инвестиции во преработувачки капацитети.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесуваа 720.000,00 денари за 2.1 и 1.500.000,00 денари за 2.3.
Вкупната вредност на прифатливите трошоци на договорите е 16,6 милиони денари, односно финансиска поддршка од над 8,9 милиони денари. Средства добија 11 корисници за подмерка 2.1 во износ од 5,8 милиони денари и 3 корисници за подмерка 2.3 во износ од 3,1 денари
Со јавниот повик Агенцијата преку мерките од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата им излегува во пресрет на одгледувачите на риби за опремување и модернизиција на своите капацитети.



