Денес, се одржа работна средба на тимови од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
Тема на средбата беше продлабочување на соработката на институциите во делот на акредитирање на новите мерки, агроеколошките мерки, како и мерката за советодавни услуги, каде АПРЗ е дел од клучните институции.
Се дискутираше и за продолжување на праксата на обука на земјоделците, каде АФПЗРР има утврдено неусогласености во делот на почитување на условите на добра земјоделска пракса.

