Европските фондови на располагање на општините и бизнис заедницата

    Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, во изминатиот период, со заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков, беа во посета на десетици македонски општини.

    На официјалните средби со претставниците на локалната власт, им беше укажана можноста за користење на средствата од европските фондови за развој и за подобрување на животот на граѓаните.

    Со претставниците на бизниз заедницата кои веќе користат средтсва и имаат развиен бизнис, беше разговарано како дополнително да се искористат фондовите за развој но и како полесно нивното искуство да се пренесе на останатите компании.

    На средбите, беше потенцирано дека интересот за европските фондови е се поголем, при што директорот Стоилев истакна дека е задоволен од сериозноста и квалитетот на поднесените проекти, како од страна на општините така и од компаниите. 

     Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, секогаш е подготвена да им излезе во пресрет на сите кои сакаат да аплицираат и користат средства од европските фондови, вели Директорот Стоилев.