Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, денеска при посета на Овчеполскиот регион, изврши увид во процесот на доделување на вредносни картички за гориво за земјоделска механизација во ПЕ Свети Николе при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На земјоделците од регионот им се доделени 1.864 картички за "зелена нафта" во вкупна вредност од 35.461.306 денари. На национално ниво, преку ПЕ на МЗШВ ќе бидат распределени картички за 46.272 земјоделски стопанства, во износ од 540.768.406 денари.