Потпишан е меморандум за соработка со ,,ИНОВА,,

    Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев и веде директорката на Агенција  за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво -,,ИНОВА,,, Даниела Димовска, денеска потпишаа меморандум за соработка.  
     Според директорот Стоилев, овој документ претставува воспоставување на соработка помеѓу страните потписници во рамките на преземените надлежности од Законот за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво  во врска со обезбедување на податоци за давање на финансиска поддршка од ИПА Фондовите кои на Агенцијата и се потребни во процесот на административната контрола при одобрување на барањето за финансиска поддршка од ИПАРД  Програмата 2021-2027.