Известување за поднесување на барања за мерките за живинарство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека до 5 ноември 2025 година ќе можат да поднесат барања за подмерките 2.11 Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети, 2.12 Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети и 2.13 Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди.

Корисници на овие подмерки се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери и амортизирани несилки во период од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло или имаат произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од 1 октомври 2024 година до 30 септември 2025 година.

Висината на директните плаќања изнесува 60 денари по заклан бројлер за подмерка 2.11, 150 денари по заклана амортизирана несилка за подмерка 2.12 и 10 денари по произведено и продадено еднодневно пиле за подмерка 2.13.

Барањата се поднесуваат во електронскиот систем на Агенцијата. Испечатеното барање заедно со прилозите се доставува до Агенцијата. Помош при креирање на електронското барање е обезбедена од вработените во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Линкот за пристапување до електронскиот систем е:

www.ipardpa.gov.mk  - Директни плаќања е-субвенции.