Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денес изврши исплата на субвенциите за сточарите во износ од 335 963 096 денари. Средствата се предвидени со мерка 2.9 од дополнителни директни плаќања, подмерка 2.8 каде се субвенционираат обележани грла овци, постари од 12 месеци. Исплатата кон 1211 сточари е извршена по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.