ИНТЕРВЈУ на директорката Даниела Иротова Лазарева

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева во интервјуто за Агротим вели:

-Имавме постапки да докажеме дека АФПЗРР функционира, ревизорските извештаи покажаа дека системот во агенцијата функционира. Тоа што поединци се дрзнале да злоупотребат службена положба е предмет на Обвинителство и секој ќе си сноси последици.

Таа појаснува дека со Брисел има постојана комуникација, изработен е акциски план со кој се обврзуваат да не се повторат вакви ризици и да се спроведат низа активности со кои ќе се зајакне контролата..

-Подготвуваме измена на програмата за ИПАРД, зајакнување на критериуми за да се избегнат евентуални манипулации. Инициравме и измена на законот за агенција, да се направи рамка во која можат да делуваат вработените, да нема субјективизам. Законот очекуваме брзо да биде донесен и пратениците во Собранието да го изгласаат. Со Брисел имаме директна комуникација, ни се бараат нова документација за да ја продолжиме со новите акредитации на мерки што ми дава за право да кажам дека ние сме на вистинскиот пат да ја вратиме довербата на агенцијата додава Иротова Лазарева.

Во интервјуто за Агротим беа споменати повеќе актуелни теми како состојбата со ИПАРД 3, исплата на субвенции за млеко, органски производи, лозарство, овоштарство, мерката „Млад земјоделец“, нови законски измени и планирани активности на агенцијата.

 

целото интервју на линкот: 

https://www.youtube.com/watch?v=kiBuW4OjOV0