Исплатeни 338 468 141 денари кон 9567 овоштари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по поднесените барања во 2025 година за подмерката 1.6 „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“. 

За оваа намена се исплати износ од 338.468.141,00 денари кон 9.567 овоштари.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои одржуваат површини со овошни насади на минимална површина од 0,2 хектари. 

Висината на поддршката за јаболко изнесува 42.000 денари на хектар; за слива цреша и праска е 37.000 денари на хектар; за вишна, кајсија и круша е 34.000 денари на хектар; за јапонско јаболко и калинка е 25.000 денари на хектар; за лешник е 13.000 денари на хектар; за орев, бадем, јагода на отворено, малина, капина, боровинка, дуња, мушмула, актинидија, маслинка, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, питом костен е 12.000 денари на хектар.