Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 48 млад земјоделец им исплати 17 815 422 денари.
Средствата се исплатени по Мерка 112, која предвидува „Помош на млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност“, како неповратна финансиска поддршка за започнување со земјоделска дејност на млади земјоделци, кои за прв пат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство. Максималната финансиска поддршка по оваа мерка изнесува до 600 000 денари.