Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 43 корисници им исплати 34 089 868 денари, за плата за напасувачи на добиток.
Средствата се исплатени по Мерка 213 која предвидува надомест за плата на лица ангажирани за чување и напасување на добиток на пасишта и ливади во висина до 620 000 денари по ангажирано лице. Денеска на нивните сметки се префрлени средства за плата за 2023 и 2024 година.