Исплатени 157 834 000 денари за заклани гоеници

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 123  земјоделски стопанства кои одгледале и продале или заклале гоеници им исплати 157 834 000 денари.

Средствата се исплатени по Мерка 2.13  која предвидува ,,Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети,,. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку 5 гоеници во период од мај 2023 година до април 2024 година во регистриран кланичен капацитети запишан во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло.

Висината на директните плаќања за гоеници со тежина над 90 килограми, изнесува 1000 денари по грло.

Бројот на грла се пресметува скалесто и тоа:

од 5-5000 грла 100%,

од 5001-15 000 грла 80% и

над 15 001 грла 40%.