Само во последниот месец, исплатени 1,4 милијарди денари заостанати обврски, а деновиве на сметките на земјоделците ќе легнат уште 540 милиони денари

 Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во просториите на општина Карбинци, оствари средба со одгледувачите на овци. На средбата, беа презентирани програмите кои се на располагање на земјоделците. Беше потенцирана отвореноста на Агенцијата со цел  надминување на проблемите на сточарите но и да им се пренесе реализацијата на исплатата на заостанатите субвенциите за неколку години.

,,Се обидувам да направам една динамика на исплата на редовно сервисирање на обврските, иако морам да признаам дека ние бевме затекнати со обврски кои што не беа исплатени 2023, 2024 и 2025 цела програма не е исплатена. Се обидуваме во рамки на можностите на буџетот кои што го имаме да ги испалтиме сите пред се заостанати обврски со тоа што сега за сега само еден месец 30 дена кои што во овој период исплативме 1 милијарда и 400 000 денари заостанати обврски и во трезор имаме доставено уште 540 милиони денари, кои што може и дел од нив можат да се испалтат до крајот на месецот. Продолжуваме со динамиката како што ги исплативме овоштарите и градинарите за Св. Трифун. Во реговори сме со висината на средствата кои што ги имаме да испалтеме мерки кои што претежно биле засегнати и немаат со години земано субвенции, така група се сточарите, кои што беа во 2024 та со мерката.“, потенцираше директорката Даниела Иротова Лазарева.

За голем број сточари спорна е Мерката за 2024 година, при што им беше објаснето дека таа е таква каква што е и не навлегуваме дали навремено се реагирало, меѓутоа најголем дел од сточарите не биле ниту свесни како оваа мерка тогаш ќе влијае на исплатата. Факт е дека исплатата е задоцната, да се реагирало навреме во 2025 година. Од 2 200 пријавени, само 800 го исполнуваат условот за исполнување на минимумот за предадени јагниња во кланични капацитети. Не било земено во предвид исклучувањето на младите нерепродуктивни грла и машките грла од условот за исполнување на условот од 50% предадени јагниња во 2024. Тој критериум кој што бил баран е далеку од тоа да може да го исполни еден сточар. Меѓутоа за нешто што било случено во 2024 сега вели Директорката, не можам ниту да коментирам ниту да дадеме нешто во 2026 година.

На средбата со сточарите беа и вработените од Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралниот развој, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. Заедно со сточари, директно во системот им беа проверувани сите податоци во врска со нивните предмети. На сите им се даваа информации за спорните моменти поради кои или биле одбиени или сеуште се во процедура за одобрување на исплата. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои сточарите поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени и беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел да бидат државната помош да им биде исплатена.