Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 1021 пчелар им исплати 21 446 792 денари. Срествата се исплатени по подмерка 2.17 која предвидува директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство за земјоделски стопанства кои имаат над 50 презимени пчелни семејства и исполнуваат едно од следните барања:
-да се евидентирани или регистрирани од АХВ како примарни производители на производи од животинско потекло.
-да се одобрени од АХВ како оператори со храна; 3. да имаат предадено мед во објект одобрен од АХВ.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства;
На земјоделските стопанства кои имаат над 50 презимени пчелни семејства регистрирани во Регистарот на одгледувалишта на пчели се исплаќаат дополнителни 200 денари по презимено пчелно семејство ако имаат исполнето едно од следните барања:
1. да се евидентирани или регистрирани од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како примарни производители на производи од животинско потекло или
2. да се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна или
3. да имаат предадено мед во објект одобрен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и
Потребното одржување на бројот на пријавените презимени пчелни семејства е до 30 ноември 2024 година.