Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 2 фарми им исплати 7 968 320 денари. Средствата се исплатени по Мерка 2.16, директни плаќања за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди.
- Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои произвеле и продале еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од октомври 2023 година до септември 2024 година и
-Висината на директните плаќања изнесува 10 денари за продадено пиле.