Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во Брисел, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и Министерот за земјоделство, шумарство и водосотопанство Цветан Трипуновски, остварија средба со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, Елизабет Вернер.
на официјалниот состанок е разговарано за спроведувањето на ИПАРД III програмата, за зајакнување на институционалните и административните капацитети на државата како и унапредување на соработката и тековните реформи во областа на земјоделството и руралниот развој.
Соработката со Европската комисија е клучна за креирање политики кои ќе донесат конкретни резултати во земјоделскиот сектор и ќе ја зголемат конкурентноста на домашниот и меѓународниот пазар.

