Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците во Кривогаштани и Дебреште

 Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во просториите на општина Кривогаштани и село Дебреште, оствари средби со земјоделците. Тимот кој го предводи а е составен од повеќе директори на државни институции на присутните земјоделци, им ја презентираше можноста за користење на државната помош, која се нуди преку програмите за поддршка и развој на земјоделскиот сектор.

Присутните, кои главно се производители на тутун, го истакнаа своето задоволство од постигнатата откупна цена. Сега велат, ги очекуваат субвенциите, за што директорката Даниела Иротова Лазарева им одговори дека обработката на апликациите е во тек и наскоро ќе бидат доставени налозите до трезор. Но прво ќе мора да се причека, да се види што ќе покажат контролите на терен, бидејќи многу земјоделци го имаат злоупотребено правото на користење субвенции. На површина засадена со тутун имаат пријавено производство и на друга земјоделска култура за што ќе мора да се направи решение за поврат на средства.

На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, секогаш се и вработените, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. На сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им беа проверувани сите податоци, а проблемите решавани на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.