За прв пат потпишан поединечен колективен договор за унапредување на правата на работниците во АФПЗРР

Директорката, Даниела Иротова Лазарева, денеска го потпиша првиот поединечен колективен договор за унапредување на правата на работниците во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Заедно со претставниците на репрезентативните синдикални организации, УПОЗ и САДУ, ставија потпис на договорот кој предвидува зголемување на платите кое ќе се одвива етапно  во следните 3 години, со пораст од 7% до 2028 година.

Директорката посочи дека, овој прв потпишан договор е само правец по кој ќе продолжи поддршката на вработените и најави дека во иднина ќе се интензивира соработката со синдикалното движење, со кое заеднички ќе се унапредуваат правата на вработените во Агенцијата.

Со унапредување на правата на вработените ќе се достигне и поголема професионалност на администрацијата што е обрвска на државата и од реформската агенда за приближување кон Европската Унија.

Претставниците на синдикатите пак посочија дека од особена важност е овој договор кој предвидува и доуредување на правата на вработените за љубилејни награди и на повисоко ниво е поддигната заштитата на вработените во однос на вознемирување на работно место како и безбедноста и заштитата на здравјето при извршување на работните задачи.