Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, на средба со земјоделците од Радовиш

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска, оствари средби со земјоделците од Радовиш. Заедно со Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја одржаа четвртата трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”. Пред присутните се промовираа Програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година, како и за моменталните состојби во аграрот.

Директорката Иротова Лазарева пред земјоделците истакна дека се прават напори сите земјоделци да бидат навремено исплатени, пред се да се исплатат заостанатите субвенции од претходните години.

Министерот Трипуновски пак истакна дека и во наредниот период ќе продолжат посетите по општини, за да се сослушат полјоделците, овоштарите, сточарите, тутунарите. Заеднички да се постигне зацртаната цел, да се зголеми домашното производство.

На средбите со земјоделците, секогаш се и вработените, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. На сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им беа проверувани сите податоци, а проблемите решавани на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.