Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во просториите на општина Кратово, оствари средби со земјоделците, кои во најголем дел се пчелари.
По програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, на 1105 земјоделци од Кратово им исплати вкупно 19 540 772 денари.
По програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година до сега се испалтени вкупно 7 638 662 денари, односно донесени се 152 решениа за исплата.
Пред присутните, директорката Даниела Иротова Лазарева, истакна дека во наредниот период ќе следи исплатата на субвенциите за тутун, каде е предвидена исплата од над 62.000.000 денари.
Карактеристично за реонот од Кратово е производството на поледелските култури, сточарството говеда овци и пчеларството со околу 115 пчелари како гранка со најмногу барања од овој реон.
На средбите со земјоделците, како дел од кампањата ,,Прашај ја Агенцијата,, и ,,Гласот што го слушаме,, на која се промовираат владините мерки за субвенционирање се и вработените од АФПЗРР, одговорни за преглед на документацијата но и контрола на терен. На сите присутни кои имаат некаков спорен момент во врска со нивните апликации, директно во системот им ги проверуваат сите податоци, а проблемите ги решаваат на самата средба. Една апликација содржи документи од повеќе институции, кои земјоделците поради неинформираност ги немаат комплетирано или се погрешно поднесени, при што беа упатени како овие недостатоци да ги елиминираат се со цел државната помош да им биде исплатена.
.jpg)


