Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска на 42 корисници им исплати 3 313 888 денари.
Средствата се исплатени по Мерка 7 од програма за 2025 година но периодот кој е опфатен е за производната пченица во 2024 година.
Финансиската поддршка за складирање се доделува за покривање на трошоците за складирање на земјоделските производи од член 1 на оваа уредба предадени на складирање во складиштар
„Корисници на финансиската поддршка за складирање се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои претходно имаат поднесено барање за директни плаќања по обработливa земјоделска површина согласно годишната Програма за финансиската поддршка во земјоделството и кои имаат склучено договор за складирање на земјоделските производи од член 1 на оваа уредба кои тие ги произвеле.
Корисниците на финансиската поддршка за складирање покрај условите од став 1 на овој член, во случај на земјоделските производи - пченица и јачмен од домашно производство на кои се однесува интервенциската мерка согласно член 37 став (2) алинеја 2 од Законот за земјоделство и рурален развој, треба да имаат и складирано најмногу до 5 000 тони одделно за секој од земјоделските производи од член 1 од оваа уредба за остварени приноси најмногу до пет тони по хектар од пријавените земјишни капацитети од барањето за директни плаќања.“
Финансиската поддршка за складирање на земјоделските производи од член 1 на оваа уредба изнесува 100% од трошоците за складирање и чување изразени преку цената на услугата за складирање за тие земјоделски производи. „За земјоделските производи - пченица и јачмен од домашно производство на кои се однесува интервенциската мерка согласно член 37 став (2) алинеја 2 од Законот за земјоделство и рурален развој, цената на услугата за складирање може да изнесува најмногу до 120 денари по тон за месец, со вклучен ДДВ.“