Се интензивира соработката со Државниот инспекторат за земјоделство

 Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска оствари средба со директорот на Државен инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски. На работниот состанок, беше договорена зголемена комуникација меѓу двете институции и интензивирање на соработката во делот на предметите каде се надополнуваат обврските на Агенцијата и Државниот инспекторат за земјоделство.