Потпишан договор за соработка со Платежната Агенција на Полска

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска со директорот на Платежната агенција на Полска, Војчек Легавиец, го потпишаа договорот за соработка помеѓу институциите.  

Според истиот, Агенциите изразуваат силна решеност за понатамошно унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на размената на знаење и искуство за Заедничката земјоделска политика на ЕУ. За заеднички интереси на двете држави, агенциите ќе соработуваат меѓусебно и ќе разменуваат искуства, знаења и експерти во областа на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, во рамките на обврзувачката законска рамка на ЕУ, како и релевантната правна рамка. 

Дополнително, Агенциите ќе соработуваат и ќе се поддржуваат меѓусебно во процесот на развивање структури и иновативни активностите во областа на земјоделството и руралниот развој, со цел подобро да се подготви системот, институционалните структури, како и знаењето и вештините на персоналот за користење на средствата од EAFRD и EAGF и спроведувањето на механизмите на Заедничката земјоделска политика и acquis communautaire на Европската Унија.

Договорот е потпишан за време на дводневната конференција на платежните агенции од Балтикот и Полска. Домаќинот, Агенцијата за реструктуирањето и модернизацијата на земјоделството, ги отвори темите кои треба да ги надминат предизвиците во имплементацијата на вештачката интелигенција (ВИ) во ARiMR. Дигитализацијата на јавната администрација, како што ја нарекоа „на стероиди“ благодарение на ВИ, како и безбедност ив етика во имплементацијата на решенијата со ВИ.