Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, успешно го заврши вториот надзорен аудит на Системот за менаџмент со квалитет, спроведен согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.
Со спроведената надзорна проверка повторно е потврдена усогласеноста на воспоставениот систем за менаџмент со квалитет со барањата на стандардот ISO 9001:2015. Во текот на аудитот не беа утврдени неусогласености, што претставува потврда за ефективната примена на воспоставените процеси и за посветеноста на Агенцијата кон континуирано подобрување на своето работење.
Успешното поминување на вториот надзорен аудит е уште една потврда дека Агенцијата доследно работи на обезбедување ефикасни, сигурни и транспарентни услуги во интерес на корисниците на финансиската поддршка.
Преку континуираното унапредување на системот за менаџмент со квалитет, Агенцијата придонесува за навремено, одговорно и професионално спроведување на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се одговори на потребите и очекувањата на земјоделските стопанства и другите корисници на програмите за поддршка.
Агенцијата и во иднина ќе продолжи да ги унапредува своите процеси и да работи во согласност со принципите на квалитет, транспарентност и континуирано подобрување, обезбедувајќи сигурна и квалитетна услуга за земјоделците и сите корисници на финансиската поддршка.