Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска со Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Проф. др. Миле Марковски, потпишаа меморандумот за соработка.

Соработката, како што истакна директорката Иротова Лазарева, пред се ќе биде во делот на размена на научни, стручни и апликативни мислења и практики од областа на земјоделството, како и потребата за овозможување на научна и стручна пракса како дел од образовниот процес во оваа област.