Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на вкупно 978 корисници, денеска им исплати 15 372 229 денари. Од Програма за органско производство за сертификација, на 808 корисници, исплатени се 9.589.057 денари. За анализа на почва на 5 корисници, исплатени им се 26 830 денари, за трговија со органски производи на 16 корисници, исплатени се 963 997 денари, за преработка на органски производи на 3 корисници, исплатени се 185 904 денари, додека за овошен насад на 155 корисници, исплатени се 4 606 441 денари. Вкупно од програмата за органско проозводство за 2024 година на 987 корисници, исплатени се 15 372 229 денари.