Исплатени 372 201 760 денари на 4284 одгледувачи на говеда

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на 4284 одгледувачи на говеда, им исплати 372 201 760 денари. Средствата во висина од 8.000 денари по женско грло се исплатени по мерка 2.1 која предвидува директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци.