Директорката на АФПЗРР Даниела Иротова Лазарева, помеѓу лозарите на ,,Тиквешки гроздобер 2026’’

 

 

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, заедно со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, присуствуваше на традиционалниот „Тиквешки гроздобер 2026“ во Кавадарци.

Помеѓу присутните лозари и производители на вино, Иротова Лазарева истакна дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и досега, останува посветена кон реализирањето на државните програми за подршка на агро секторот. Преку, владината финансиска стимулација и посветеност, очекува да продолжи трендот на развој на секторот, кој оваа но и наредните години ќе бележи зголемено производтсво, но и квалитет кој ќе го освојува домашниот но и светски пазар.

Во рамки на „Тиквешкиот гроздобер“, се одржа и карневалско дефиле, преку тематски маски, музика и кореографии, при што беше претставена традицијата на гроздоберот и културните обележја на Кавадарци.