Краен рок за поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги потсетува земјоделските стопанства дека крајниот рок за поднесување на барањата за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година е 30 септември 2026 година.

Поднесувањето на барањата се врши по електронски пат преку веб-порталот на Агенцијата. Барањето може да се поднесе самостојно од страна на земјоделецот или земјоделецот да се обрати за помош во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За полесно користење на електронскиот систем, на веб-страницата на Агенцијата, објавено е Упатство за корисници, кое содржи информации за мерките, условите за користење на финансиската поддршка и начинот на поднесување на барањата.

За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, Агенцијата обезбеди податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури.