Директоркатра на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова Лазарева, денеска во општина Брвеница, пред голем број заинтересирани агробизнисмени, ги промовираше можностите за искористување на ИПАРД програмата но и финансиите кои ги дава државата за развој на секторот: Беа презентирани и мерките за руралниот развој.
На средбата, присуствуваа и министерската за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска, Зоран Ставрески и в.д. директорот на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, Борис Настов, при што беше потенцирано дека за општина Брвеница и тоа како е важно да има силно локално стопанство, нови инвестиции и подобра бизнис клима. Тоа ќе придонесе кон зголемување на економскиот развој со цел создавање на подобри услови за работа.


